E-Skills Week

Print PDF
EURO_Log1

Придружете и се на најголемата Европска ИТ акција и подобрете ги своите работни резултати преку ширење на информатичкото образование!

 




Во периодот од 1 до 5 март 2010 година под покровителство на Европската унија, Европска комисија и Европско ИТ општество (CEPIS), најзначајните компании и организации, со цел за ШИРЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКАТА ПИСМЕНОСТ, ќе оддржат манифестација под име “e-Skills Week! - Недела на Електронски Способности”. Ова не е само задача на земјите членки на ЕУ туку и на кандидатите земји за прием во ЕУ, што не обврзува за превземање на акција!

Б-Кингс заедно со голем број на партнерски компании и организации ширум Европа, ќе реализира серија од манифестации со цел овозможување на бесплатни полагања за ECDL-European Computer Driving License, како најраспространет,најважен и баран од Европската комисија, сертификат за информатичка писменост.

 

Зошто e-Skills Week и ECDL-European Computer Driving License?

 

  1. Способноста за користење на компјутер стана еден од главните услови за вработување, европската статистика покажува дека непознавањето на овие елементи предизвикува годишен губиток од околу милион евра на 250 вработени, додека истовремено со воведувањето на ECDL обуката според продуктивноста, расте и вредноста на компанијата дури за 15%
  2. Европската комисија со актот од 17.02.2003 год.бр: COM 796 донесе единствен облик на транспарентност на квалификации и компетентност- Europass, чија што точка 1.2.5 го дефинира ECDL како вендорски независен (Microsoft, Linux, Mac) стандард кој дефинира препознатлива обука и квалификација за работни места на компјутер
  3. Преку 9 милиони граѓани веќе поседуваат ECDL сертификат, а неодамна и претседателот на Европската Комисија г-дин Хозе Мануел Баросо, зеде ECDL индекс со што ја покажува важноста на дигиталната писменост за иднината на европските компании и ЕУ заедницата.
  4. EUPAN- European Public, Administration Network кој треба да им овозможи на граѓаните и на фирмите подобра примена на новите технологии како и комуникација со државните органи, исто така на 17 јуни 2009 во Прага го усвои ECDL
Повеќе информации на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или пак на телефонскиот број 02 520 20 60