Најчесто поставувани прашања во однос на ЕЦДЛ

Најчести прашања за ЕЦДЛ

Print PDF
ecdl2
Што е ЕЦДЛ?

ECDL (European Computer Driving Licence) е меѓународно признаен сертификат за користење на компјутер а дизајниран е со цел да се воспостави единствен стандард на оспособување  за користење на компјутер за работодавачи и потенцијални вработени кандидати.



ecdl2 Што е ECDL диплома и што се докажува со неа?

European Computer Driving Licence (ECDL) диплома- Европска компјутерска диплома е меѓународно признаен сертификат за информатичка писменост која гарантира познавање на работа со компјутер за точно дефинирани кориснички вештини.

Дипломата е двојазична и призната е во цел свет. Се користи како сертификат и доказ на Вашата основна информатичка писменост при вработување кога се бара од кандидатот "познавање на работа на компјутер"


ecdl2 На кого му е наменет ECDL програмот?

ECDL е наменет за секого кој веќе користи или ќе користи компјутер на работа и во секојдневниот живот! Накратко кажано, ECDL е наменет за сите лица без оглед на пол, возраст, националност, образование, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби (слепи, глуви, лица со хендикеп и сл.)
Верификација на дигиталната писменост преку ECDL посебно се препорачува на:

  • лица во сите професии, на сите нивоа на хиерархиската скала
  • невработени кои сакаат да го потполнат своето знаење и да си го олеснат барањето на работа
  • ученици и студенти кои почнуваат да ја градат својата професионална кариера.


ecdl2 Кои знаења и информатички кориснички вештини ги дефинира ECDL?

  • МОДУЛ 1- Основи на информатичката технологија ( основни појмови  кои се однесуваат на компјутерот, како и сознанија во врска со предности, можности, слабите страни, и опасности на користење и примана на компјутерот...);
  • МОДУЛ 2- Користење на компјутер и управување со фајлови (основни функции на персонален компјутер и негов оперативен систем);
  • МОДУЛ 3- Обработка на текст (Внесување, обликување и принтање текст како и користење на напредни можности на алат за обработка на текст);
  • МОДУЛ 4- Табеларни пресметки (Креирање, обликување и употреба на таблици, основни формули и функција како моќен алат кој ни служи за примена на стандардни математички и логички операции во работното планирање и анализирање);
  • МОДУЛ 5- База на податоци (Креирање и планирање на едноставни бази на податоци користејќи ги основните функции на алатот и начини на добивање на информации од веќе постоечки бази на податоци);
  • МОДУЛ 6- Презентации (Креирање, обликување и припрема на презентација користејќи графика, предлози за графикони и различни slide ефекти);
  • МОДУЛ 7- Internet и e-mail (Користење Internet и e-mail- прегледници и веќе постоечки претражувачи со цел да се пронајдат одредени информации и користење на e-mail за комуникација).

За најмалку 4 положени испити добивате ECDL- Start диплома а за сите 7 положени испити добивате ECDL CORE диплома.


ecdl2 Како може да се добие ECDL дипломата?

ECDL дипломата се добива така што се тестира информатичкото знаење на поединецот. Кандидатот кој сака ECDL сертификат прво треба да набави индекс. Индексот е предуслов за пристап на испитите и може да се купи во нашиот центар. Потребно е само да се јавите телефонски или на web прашалник и да најавите модул кој сакате да го полагате.
Како можам да се припремам за ECDL тестирање?
За ECDL тестирање можете да се припремете самостојно или да се запишете на ЕЦДЛ програм за едукација.


ecdl2 Како можам да се припремам за ECDL тестирање?

За ECDL тестирање можете да се припремете самостојно или да се запишете на ЕЦДЛ програм за едукација.


ecdl2 Дали постои одреден рок во кој морам да ги положам сите испити?

Во рок од 3 години мора да се положат сите испити, поточно од датумот кога сте го набавиле индексот, односно од датумот на полагање на првиот испит.


ecdl2 Што е ECDL индекс?

Индексот ECDL е документ кој се купува при полагање на првиот испит. Во него се запишуваат сите положени испити и на темел на него може да се издаде ECDL диплома. ECDL индексот е предвиден за евидентирање на успехот за сите положени испити.


ecdl2 Дали мора испитите по редослед на модулите да се полагаат?

Не мора. Испитите можат да се полагаат по оној  редослед кој им одговара на кандидатите.


ecdl2 Колку време трае еден испит?

Секој испит трае точно 45 минути, додека испитите за ECDL Advanced траат 60 минути.


ecdl2 Дали може да се користам со било какви материјали за време на испитот?

За време на испитот не  е дозволено да се користат помошни материјали.


ecdl2 Во кој временски рок може да се очекуваат резултатите од испитот?

Резултатите од испитот може да се очекуваат во рок од 24 часа, поточно од часот на одржување на испитот, доколку истекот на рокот не се падне во неработен ден. Во тој случај резултатите може да ги очекувате до истекот на рокот во првиот следен работен ден.


ecdl2 Дали имам право на увид во испитот и постигнатите резултати на испитот?

По договор со испитувачот имате право на увид во испитот и постигнатите резултати на испитот.


ecdl2 Можам ли да добијам копија од својот испит кој не сум го положил?

Не можете да добиете копија од испитот кој не сте го положиле , ниту пак смеете да ги препишувате прашањата од тој испит.


ecdl2 Дали можам повеќе пати да полагам испит од исти модул?

Ако не сте го задоволиле испитот од одреден ECDL модул имате право на неограничен број на излегување на испитот но со услов да се плати секое излегување на испит.


ecdl2 Дали може во еден ден да се полагаат повеќе различни испити?

Во еден ден може да се полагаат повеќе различни испити, ама не и испит од исти модул.


ecdl2 Како да се пријават ECDL испитите во испитниот центар ?

Пријавите за ECDL испити се примаат преку електронска пошта на адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на телефонскиот број 02 2 202060.

Термините за одржување на ECDL испитите редовно се објавени на страниците на тест центарот на адресата www.ecdl.com.mk.


ecdl2 Кои документи се потребни за пристапување на испитот?

За полагање на ECDL испитот потребно е на денот на полагање на испитот да се донесе:

  • Документ за лична идентификација  (лична карта, пасош,возачка дозвола)
  • Уплатница (доказ за извршена уплата)
  • ECDL индекс (доколку поседува, доколку не истиот може веднаш да се купи)
  • Потврда за статус (студент, лице со високо образование, средно или основно училиште) со цел на овозможување на право на попуст.

Потврда за статусот потребно е да се достави само еднаш, пред да го полага првиот испит.

Важно: Во случај кандидатот да ги нема сите документи од претходното наведените, нема да може да пристапи на испитот.


ecdl2 Рок за пријава на ECDL испитите?

Рок за пријавување на ECDL испитите се 3 работни дена пред терминот на полагање на испитот.
Право за полагање на испитот вреди само за пријавениот термин и не може да се пренесе на некој друг термин. Пријавата важи само на име на пријавеното лице и не може да се пренесе на друго лице.

Пријавениот испит може да се одјави најкасно 2 работни дена пред пријавениот термин и само во случај кога не е обавена уплатата на трошоци за полагање на испитот


ecdl2 Начин на плаќање на ECDL индексот и испитите?

ECDL индексот и испитите се плаќаат  со општа уплатница или преку е-Банка и тоа најкасно 3 работни дена пред пријавениот термин на испитот. При пријавување на испитот на кандидатот ќе му пратени сите потребни податоци за исполнување на уплатницата (број на сметка, повикување на број и цел на уплатата).
Цените за ECDL индексот и испитите ќе можете да ги пронајдете
овде.

ECDL испитите се полагаат под надзор на сертифицирани испитувачи во современо опремените училници на Б-Кингс.