ЕЦДЛ Напреден (ADVANCED) сертификат со четири напредни испити
Print PDF
ECDL– НАПРЕДЕН ПРОГРАМ (ADVANCED)

ecdlaНапредниот Ecdl програм се состои од 4 модули како што е наведена во табелата долу. Кандидатот може да бира кој испит или испити сака да ги полага и во кој редослед.

За да има право на излагање на било кој испит, кандидатот треба да купи ECDL индекс за секој напреден испит. Индексот е во сопственост на кандидатот а во него се запишуваат податоци за положениот испит. Припремените семинари наведени во табелата го олеснуваат полагањето на испитите затоа што во потполност ги покриваат испитните теми.

 

 



ECDL МОДУЛИ ПРИПРЕМЕН СЕМИНАР
Напредна обработка на текст P08: MS Word 2003/2007– напредно користење
Напредно користење на табеларни калкулации P09: MS Excel 2003/2007 – напредно користење
Напредни бази на податоци P10: MS Access 2003/2007–Напредно користење
Напредни презентации P11: MS PowerPoint 2003/2007– напредно користење





МОДУЛ 8: НАПРЕДНА ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ



Вовед
Можностите на MS Word програмот се многу големи, преголеми за основниот семинар од 25 часа, затоа и организиравме и напреден семинар во кој кандидатите уште повеќе ги приближуваме до MS Word.

Цел
По успешниот завршен семинар кандидатите ќе знаат неколку техники за уредување на текст како што се: изработка на налепници и циркуларни писма, вклучување на слики во текст, изработка на публикации и користење на стилови, автоматско изработување на содржини ....

Содржина на модулот
Инсталирање на додатни компоненти, додавање/одземање на алатки, напредни опции за отварање/зачувување на документи, Fusnote, Endnote, различни погледи на документ, стилови, структурирање на документ, изработка на содржина на документ, графичко можности, text box, испишување на формули, напредни техники за изработка на табели, печатење на коверти, mailinig листи, циркуларни документи.




МОДУЛ 9: НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ТАБЕЛАРНИ КАЛКУЛАЦИИ


 

Вовед
Познавајќи го фактот дека просечен корисник употребува само 20% од можностите на овој програм го организиравме овој напреден семинар во кој ќе се обидеме кандидатите да ги доближиме што повеќе до Ms Excel и неговите напредни функции.

Цел
По завршениот семинар кандидатите ќе знаат: да ги изработат сите сложени табеларни калкулации, да работат со бази на податоци, користат напредни функции на MS Excel и други видови на сложени манипулации и табеларни калкулации.

Содржина на модулот
Goal Seek , поврзување на ќелии , 3D формули, формули со текст, запишување на коментари во ќелии, запишување на низа податоци, Custom листа, тражење и замена на податоци, заштита на работната книга, означување и навигација, групирање и структурирање на податоци, соединување на податоци (consolidate) , Paste special, именување на ќелии, функции, поставување функции, функции по категории ( математички и тригонометриски, статистички, логички, датумски и временски, камати ). Што е база на податоци во Excel , основни делови на база, правила при креирање, сортирање, одржување на база на податоци, Subtotal, Autofilter, филтрирање, напредно пребарување по база (Advanced filter) , филтрирање, копирање, изработка на пивот извештаи , измена на пивот извештаи, внесување на податоци од текстуална датотека, размена на податоци од Excel и Access, автоматско отворање на документи, снимање на макро наредби, повикување на макро наредби.



МОДУЛ 10: НАПРЕДНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

 



 

Вовед
За да му ја олесните на корисникот употребата на базите на податоци тие мора да бидат поедноставни за ракување што значи да на вашите обрасци за внесување и манипулација на податоци морате да знаете правилно да ги п оставите вашите контроли. Низ напредните опции на сите елементи на базите, ќе научите како да додадете повеќе функционалности на вашата апликација.

Цел
Ќе научите да додавате и менувате записи со кликање на дугме, вреснување во базата веќе постоечки табели од други апликации, заштита на базите од неовластено прегледување или менување.

Содржина на модулот
Табели: копирање на податоци помеѓу табели, поврзување на табели (Link), внесување на табели, Select, Make table, Insert, Update, Delete, Cross Tab, Custom Expression, калкулација на полиња, Auto lookup, форми: изработка и внесување на подформи, Combo list, List box, Извештаи: наменети извештаи, сортирање и групирање на податоци во извештаи, печатење на извештаи, макро наредби: начин на дефинирање, autoexec макро, графикони, модули, заштита на бази.



МОДУЛ 11: НАПРЕДНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ


 

Вовед
Презентирање на вашата работа, излагање на презентации или конференции со користење на слика, текст, звук и анимација денеска постанува неопходна потреба на голем број на луѓе. Компјутерот и тука станува незаменлива алатка затоа што Microsoft PowerPoint на многу едноставен начин ги поврзува сите наведени елементи и ги припрема за прикажување со користење на видео проектор или големи екрани.

Цел
Кандидатите со завршување на семинарот ќе бидат способни самостојно да изработуваат презентации во мултимедијално опкружување.

Содржина на модулот
Опис на почетниот екран, различни погледи на документот, приказ на различни типови на слајдови, манипулација со слајдови, промена на содржина, работа со позадини, работа со анимации, примена на анимации на текст, слики и графикони, звучни ефекти, премин помеѓу слајдови итн.