ЕЦДЛ Основен (CORE) сертификат со положени седум испити
Print PDF

ОСНОВЕН ECDL ПРОГРАМ

COREОсновниот ECDL програм се состои од вкупно 7 модули како што е наведено долу во табелата. Кандидатот може да бира по кој редослед ќе ги полага испитите. После полагање на било кои 4 испити на кандидатот му се издава ECDL Start сертификат , додека со полагање на сите 7 испита кандидатот се стекнува со ECDL сертификат.

За да оствари право на полагање на било кој испит. Кандидатот треба да купи ECDL индекс. Индексот е во сопственост на кандидатот, а во него се запишуваат податоци за секој испит кој кандидатот го положил. Припремните семинари во табелата го олеснуваат полагањето на испити затоа што содржините во потполност го покриваат испитот.

 

 




ECDL МОДУЛИ ПРИПРЕМЕН СЕМИНАР
Основен концепт и информациски технологии P01: Основен концепт и информациски технологии
Користење на компјутер и управување со датотеки P02: Користење на компјутер и XP/Vista
Обработка на текст P03: MS Word 2003/2007 – изработка на текст
Обработка на табели P04: MS Excel 2003/2007 – изработка на табели
Бази на податоци P05: MS Access 2003/2007 – бази на податоци
Презентации P06: MS Powerpoint 2003/2007 – изработка на презентации
Работа во мрежа и интернет P07: Internet explorer и MS Outlook 2003/2007





МОДУЛ 1: ОСНОВЕН КОНЦЕПТ И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

 



Вовед
Денес е невозможно да се замисли живот без користење на информациони технологии. Овој модул служи за запознавање на кандидатот со основните поими како што се Hardware и Software, историски развој на компјутериет и многу други поими поврзани со IT.

Цел
На крај на модулот, кандидатите би требало да знаат да ги разпознаат основните елементи на еден компјутер, хардверски компоненти, софтвер и видови на софтвер, основни поими за мрежи. Кандидатите би требало да знаат и можат да препознаат каде и како во секојдневниот живот се користat IT технологии, како најсигурно да се работи на компјутер и како се користи компјутер а да не штети на сопственотео здравје.


Содржини на модулот
Основни поими,хардвер:монитор,глувче,тастатура,принтер,скенер, софтвер: оперативен систем, кориснички програми,информациони мрежи и мрежни поими, интернет, користење на информациони технологии во секојдневниот живот,авторски права и  закон, вируси и антивирус програми, здравје, сигурност и околина.



МОДУЛ 2: КОРИСТЕЊЕ НА КОМПЈУТЕР И УПРАВУВАЊЕ СО ДАТОТЕКИ

 



Вовед
Денешниот свет е незамислив без компјутер. Компјутерите се наоѓаат секаде околу нас и во големи мерки ни ја олеснуваат нашата работа, а за да се почне да се користат потребно е да се познаваат некои основни работи за нив.

Цел
Овој семинар го запознава кандидатот со компјутери, нивен историски развој и денешн статус. Понатаму кандидатите ќе се запознаат и со денес најкористениот оперативен систем Windows, ќе научат во него да ги обавуваат основните операции со датотеки , манипулирање со програми, изработка на едноставни документи и ќе добијат добра подлога за запознавање со разни кориснички програми.


Содржини на модулот
Персонален компјутер, правила за работа со глувче и тастатура, надворешни единици (принтер, модем), мемории ( хард диск, RAM,дискета, цд), оперативни системи и апликации, корисничка околина, работна површина, прилагодување на работната површина, манипулирање со прозори, стартување на програми, windows explorer, ракување со повеќе програми (TaskBar),, копирање, преместување, бришење на датотеки, Recycle Bin, подесување на компјутерот (control panel), запознавање со програмите од оперативниот систем ( Calculator,Paint)



МОДУЛ 3: ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ

 



Вовед
Без разлика на сета технологија околи нас, на луѓето сеуште примарно им е да имаат принтан документ на хартија, а со тоа што компјутерите ни овозможуваат огромни можности за манипулација со документи така постанаа незаменлив алат за пишување и обработка на текст.

Цел
Семинарот го запознава кандидатот со програмот за обработка на текст MS Word. Кандидатите по завршување на овој семинар би требало да се во можност сами да составаат документи и дописи, манипулираат со табели, нумерирање на страници и сл.


Содржини на модулот
Програм MS Word: Инсталирање, повикување, изглед на почетниот екран, манипулирање со документи, движење низ документот, интеракција помеѓу документи, техники на облиувања, поравнување на текст, преглед на документи, зумирање, пишување со проред, извлечување на текст, автоматско пребарување и промена, нумерирање на страници, промена на димензии, автоматско исправување на зборови, вметнување симболи и слики, заглавје и подглавје, изработтка и уредување на табели...

 

МОДУЛ 4: ОБРАБОТКА НА ТАБЕЛИ

 



Вовед
Сите ние понекогаш се  наоѓаме во ситуација да мора да изработиме табеларни прерачунки – како што се месечен куќен буџет, па се до најслижени бизнис анализи. На хартија тоа е доста макотрпно, поготово ако е потребно да се менуваат податоци и пак да се прарачунува....

Цел
По завршување на семинарот кандидатите ќе знаат да изработуваат едноставни табеларни калкулации и да изведуваат манипулации над нив со користење на математички формули и вградени функции и графички да ги преставуваат своите податоци....


Содржини на модулот
Основи за табеларни калкулации, програм MS Excel: инсталирање, повикување, почетен екран, манипулација со работна површина, работни листови, ќелии, работа со повеќе документи, манипулирање со податоци, елементарни калкулациски операции, внес на формули и функции, елементарни функции,копирање на формули, сортирање на податоци, филтрирање на податоци, автоматско форматирање, изработка на 
графикони...



МОДУЛ 5: БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

 



Вовед
Бизнис корисниците имаат потреба од подобри алатки за пребарување и користење на голема количина на податоци.Microsoft Access ја олеснува изработката на бази на податоци додека интерфејсот за корисникот е прегледен и лесен за изработка. Исто така и Microsoft Access едноставно комуницира со останатите Office апликации.

Цел
По успешно завршување на семинарот кандидатите ќе знаат да моделираат структурни бази на податоци, манипулираат со податоци во база (прегледување, додавање, бришење, менување) и прикажување на податоците во форма на извештаи.


Содржини на модулот
Поим за релациони бази на податоци, инсталирање, прилагодување и проектирање, начин на организација на податоците во база, табели: полиња, типови податоци, примарен клуч, врски помеѓу табеле ( релации ), побарувања, филтрирање на податоци, алгебарски и ралациони оператор, сортирање на податоци, форми: врсти на форми, извештаи...



МОДУЛ 6: ПРЕЗЕНТАЦИИ

 



Вовед
Презентација на својата работа , излагање на презентации или конференции со користење на слики, текстови, звук и анимации денес постанува ненадминлива потреба на голем број на луѓе. Компјутерот и тука станува незаменлив алат, затоа што Microsoft PowerPoint на многу едноставен начин ги поврзува сите наведени елементи  и ги припрема за прикажување со користење на видео проектор или големи екрани.

Цел
Кандидатите со завршување на семинарот ќе бидат способни самостојно да изработуваат презентации во мултимедијална околина.


Содржини на модулот
Опис на почетниот екран, различни погледи на документот, приказ на различни типови на слајдови, манипулација со слајдови, промена на содржина, работа со позадини, работа со анимации, примена на анимации на текст, слики и графикони, звучни ефекти, прелаз помеѓу слајдови....



МОДУЛ 7: РАБОТА ВО МРЕЖА И ИНТЕРНЕТ

 



Вовед
Со интернет денес се служат милиони луѓе и постанато е прашање на општа култура да се користи. На интернет се наоѓаат најразлични информации за многубројни ствари кои се пристапни за сите. Како да се дојде до нив?

Цел
По завршување на семинарот, кандидатите да пренесуваат податоци помеѓу компјутери во мрежа и да се служат со програми за прелистување на интернет ( Internet explorer) и програми за управување со електронска пошта (Outlook)


Содржини на модулот
Поим интернет, запознавање со компјутерски мрежи, услуги на интернет (WWW,E-mail, FTP, News, Chat), инсталирање и конфигурирање на потребна опрема и софтвер, TCP/IP стандард, Internet Explorer, Favorities, работа со пребарувачи, програм Outlook, праќање и примање на email пораки, потпис...