pict-HelpDef-Help-699x130

Најчесто поставувани прашања

Print PDF

 

Зошто да се сертифицирам?

Бенефициите од сертифицирањето вклучуваат:

  • Вашите вештини ќе бидат релевантни, применливи и конкурентни
  • Брза прогрес на вашата кариера
  • Ќе бидете дел од едно активна заедница на сертифицирани професионалци ширум светот

Дали  сертификатите ќе ми помогнат полесно да најдам работа?

Здобивањето со Микрософт сертификатите ќе ви помогнат да се истакнете од останатите кандидати, со валидација дека ги имате вештините потребни за извршување на работните задачи. Сертификацијата исто им докажува на работодавачите, за вашата обврзаност на континуирано учење и развој.

Дали менаџерите за вработување навистина ја вреднуваат сертификацијата?

Во неодамнешната анкета на IT менаџерите за вработување, 55 % се изјасниле дека ги сметаат сертификатите на кандидатите како критериум за вработување додека 63 % од менаџерите за вработување веруваат дека сертифицираните вработени се попродуктивни од останатите несертифицирани вработени.

Ученик сум. Можам ли да добијам попуст за полагање на испитите?

Учениците, студентите, IT помошниот персонал на академски институции и Микрософт IT Студентите се квалификувани да добијат академски цени на избрани Микрософт испити.

Како го избирам патот кон сканата  сертификација?

Дали сте заинтересирани за развој на софтвер или за негово користење? Дали сте заинтересирани за администрација на мржни оперативни системи? Дали повеќе би развивале апликации за Web или за Windows? Посетете ги следниве страници за повеќе инфорамции

Get an overview of certification

Find a certification for a specific technology

Кој испити се препорачани за стартување на сертификацијата?

Каде ќе почнете зависи од тоа во која насока сакате да одите. Ако сакате да развивате кариера како IT професионалец, можете да размислете за земањето на сертификати за Windows Vista клиентскиот оперативен систем.

Ако сте заинтересирани за развој на софтвер, добро место за старт е сертификација за Microsoft .NET Framework

Ако веќе имате некое искуство во IT, изберете го Microsoft Certified Technical Specialist (MCTS) испитот, тоа најмногу одговара како стартна точка според вашето искуство.

 

Дали има потреба од некои тренинг предуслови?

Со исклучок на Microsoft Certified Master програмот, ниту еден Microsoft Certified Professional испит не бара предходен тренинг пред земањето на испитот. Сепак треба да бидете во можност да ги демонстрирате сите вештини опишани во водичот за подготовка на испит, пред да го земете испитот.

Како ќе знам кои области се покриени со испитот?

Водичот за подготовка за секој испит ги опишува сите вештини за кои ќе бидете тестирани. Можете да го искористите каталогот за учење за да најдете подготвителен водич за вашиот испит.

Дали навистина треба да го имам искуството опишано во водичот за подготовка на испит?

Микрософт испитите за сертификација се дизајнирани за да ја измерат вашата способност да изведувате вештини поврзани специфична Микрософт технологија. Без искуство со продуктот неверојатно да го положите испитот.

Како да се здобијам со искуство за продуктот ако се уште не работам во IT индустријата?

Можете да се здобиете со искуство на повеќе начини. Искуство преку работа во IT индустријата е само едно од нив. Клучно е да поминувате време работејќи на технологијата. Можете да симнете пробни верзии на многу продукти од Микрософт сајтот со кликање на Downloads & Trials копчето на врвот на почетната страна на Микрософт. Или на All Products копчето, исто на врвот на страната, и да побарате пробни верзии или симнување од страната на продуктот.

Ако сте ученик, можете да се квалифицирате за бесплатен влез на одреден софтвер преку Microsoft Dream Spark. Можете да симнувате онлајн лабораториски вежби од MSDN или TechNet за многу технологии, кои ви овозможуваат да работите со технологијата без да зафаќа простор на вашиот компјутер. Microsoft Learning тренингот, како што е Microsoft Press Training Kits, E-Learning, и Instructor-Led Training,исто ви овозможуваат да стекнете искуство со технологиите.

Научете повеќе за Microsoft DreamSpark (линк)

Откријте други тренинг и програми за сертификација за студенти(линк)

Кој е најекономичниот начин за подготовка?

Според досегашното искуство, фокусирањето на вештини кои се наведени во водичот за подготовка за испит е најекономичниот начин за подготовка за испит. Блогови и онлајн натписи се достапни за многу од вештините. Многу јавни библиотеки имаат Microsoft Press тренинг алатки. Microsoft Learning и MSDN спонзорира Live Meetings, webcasts, podcasts или видеа кои можат да бидат од помош за стекнувањето на твојата сертификација.

Проверете ја  Microsoft Learning Events страната

Пребарајте настани низ светот за претстојни webcasts: користете го клучниот збор "MCP"


Како ќе знам дека сум спремен/а да го земам испитот?

Водичот за подготовка за испит е одлична алатка која ќе ви помогне да одредите дали сте спремни да го полагате испитот. Прочитајте го водичот за подготовка за да одредите самите дали можете да ги изведете опишаните вештини. За да ги тестирате вашите вештини, можете да земете  пробен тест од нашите тест провајдери за пробни тестови. Прашањата за вежбање исто така се достапни во некои од нашите Microsoft Learning тренинг продукти, како што е Microsoft Press.

Научете повеќе за пробните тестови

Научете повеќе за  Microsoft Press

Колку време ми е потребно да се здобијам со сертификат?

Водичот за подготовка на испит го вклучува препорачаниот обем на искуство кое кандидатот треба да го има пред да го полага испитот.  Покрај тоа, зависи од тоа колку време ќе поминете учејќи за испитот. Ако веќе имате искуство, можно е да ви требаат само неколку недели за учење за да се подготвите за испитот. Доколку пак немате искуство или ако имате многу малку време за учење, можно е да ви требаат и неколку месеци за подготовка пред да бидете подготвени за тестот.

Колку долго сертификацијата ќе ми биде валидна?

За нашиот најнов акредитив, како што е Microsoft Certified Technical Specialist (MCTS), Microsoft Certified IT Professional (MCITP), и Microsoft Certified Technоlogy Specialist (MCTS), Microsoft Certified IT Professional (MCITP), акредитивот се опслужува заедно со поддршката за технологијата која  се тестира. Акредитивот се уште ќе фигурира на вашето досие но ќе биде прикажано како истечено. Во повеќето случаи, патека за надградба ќе биде овозможена за оние студенти кои имаат акредитив така да можат да ги прикажат своите вештини на најновите верзии на технологија без да ги земат сите тестови поврзани со новите акредитиви.

Акредитивите на Микрософт како, Microsoft Certified Systems Engineer (MCSE) и Microsoft Certified Systems Engineer (MCSE) не истекуваат, но како што Микрософт презентира нови верзии на соодветната технологија, овие акредитиви можат да бидат помалку вреднувани од индустријата.