Најбараната Европска Компјутерска Возачка Дозвола од сега достапна и кај нас...
European Computer Driving Licence (ECDL), со повеќе од 9 милиони корисници, е еден од најголемите светски едукацијски системи на сертификација кој моментално е достапен во 138 земји и преведен е на 32 јазици низ целиот свет.
ECDL е IT сертификат за сите граѓани од сите возрасти. Наменета е за сите лица кои имаат потреба или имаат желба да знаат да работат со компјутер. Наменета е за сите луѓе без оглед со која работа се занимаваат, за луѓе кои влегуваат или веќе се наоѓаат на пазарот за работна сила.
ECDL сертификатот докажува дека корисникот ги поседува суштинските компјутерски вештини, кој се од огромно значење за работодавачите при проценување на знаењето на потенцијалните кандидати.
ECDL наставниот програм е единствен по тоа што е осмислен на начин што е потполно независен од производителите на софтвер. Тоа им овозможува на кандидатите флексибилност и слобода во стекнување на овие вештини и во нивна сигурна примена во било кое софтверско опкружување кое се бара од нив.